ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)

622

Кога беше назначен за наследник на Влатко Костов, и тоа како В.Д, никој не веруваше дека Ѓорѓи Мојсов ќе издржи како тренер на Тиквеш повеќе од 2-3 натпревари, додека не се најде идеално решение. Но како што одминуваше времето, Мојсов се покажа како идеалното решение за клупата на Тиквеш.

Младиот стратег го донесе кавадаречкиот прволигаш до 4.место на крајот од есенската полусезона, успех кој ни најголемите оптимисти не веруваа дека ќе се случи. Ова е веројатно најдобриот пласман на Тиквеш во историјата во самостојна Македонија во ПМФЛ. А за тоа вчера што се случи во Струмица не треба посебен коментар. Мојсов иако далеку помлад и понеискусен во целост го надмудри својот колега од спротивниот табор Александар Васоски. А.Пандев – Тиквеш 0:2. Зарем треба уште да се кажува зошто Мојсов е тренер на ова 18.коло?

ПретходноШкендија се раздели со “тепачот“ Билали, во најава е и разделба со Стојановски и Незири!
СледноЛицето кое му удри бокс на кошаркарот на Работнички е вработен фоторепортер во КК Чаир!