Сосема очекувано. Шкендија се раздели со Сабит Билали, играчот кој беше казнет од ФФМ на шест месеци поради ужасниот инцидент на мечот со А. Пандев на кој Билали шутираше противнички фудбалер.
Откако од Шкендија официјално потврдија дека Билали не е веќе дел од клубот, тие му посакаа многу среќа во натамошната кариера, иако тој до април нема шансаи да заигра.
Инаку како што дознава “Спортмедиа“ во најава е и разделба со Влатко Стојановски и Меџит Незири. Ова значи дека тетовци оваа зима и тоа како мислат да донесат голем број нови имиња.















