Мирковиќ двоен стрелец, Тиквеш го победи Кожув во пријателски меч

351

Тиквеш со 2:1 успеа да го победи второлигашот Кожув и тоа во пријателски меч одигран попладнево во Дојран. Стрелец на двата гол за кавадарчани беше Урош Мирковиќ, да кажеме дека првото полувреме заврши со резултат 1:1.

Ова беше уште една убава проверка за стратегот на кавадаречкиот прволигаш Ѓоко Мојсов за тоа до каде е со формата неговата екипа. Во деновите што следуваат Тиквеш ќе одигра уште неколку контроли, а првата е веќе в сабота со Детонит Плачковица.

ПретходноОфицијално: Алими до јуни во Работнички!
СледноГринвуд ослободен од обвиненијата!