Се огласи и Динамо Загреб по ужасот: Силно ги осудуваме нередите кои се случија во Атина!

575

По се она што се случуваше во главниот град на Грција во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу АЕК и Динамо Загреб, во кои имаше тепачки и немили сцени меѓу фановите на двата клуба, утринава со специјално соопштение се огласи и клубот од Загреб во кое силно и жестоко ги осуди нередите во Атина:

НК Динамо силно ги осудува нередите кои се случија во Атина, во кои според извештаите на грчката полиција нашите навивачи биле вклучени во инцидентите со фановите на АЕК.Таквите случувања не се во склад на вредностите и еткиката која ние ја пропагираме како клуб и заедница.Изразуваме голема загриженост поради овој инцидент. За жал едно лице го загуби животот, а ние како клуб изразуваме сочуство до семејството на починатиот“ се вели покрај другото во соопштението на НК Динамо Загреб.

ПретходноЕпилогот од хаосот во Атина: Еден починат, осуммина тешко повредени и 96 уапсени фанови на АЕК и Динамо Загреб! (ВИДЕО)
СледноПо точно една година Струга ТЛ не е веќе лидер во ПМФЛ, сега тоа е Работнички!