Лапорта: Ова се 15-те клубови кои ќе играат во Суперлигата, баш ми е гајле за Англичаните!

11314

И дефинитивно е јасно дека Реал Мадрид и Барселона се најзагреани за старт на Суперлигата. Веќе извесно време тие го туркаат овој проект. Со нив беше и Јуве, но новото раководство на гигантот од Торино како се “олади“ за ова натпреварување.

Хоан Лапорта, првиот човек на Барса веќе ги наброи тие 15 клубови кои ќе играат во Суперлигата:

Тоа се секако Барса и Реал, потоа Интер, Милан, Рома, Наполи, Марсеј, Бенфика, Спортинг, Порто, потоа три клуба од Холандија, Андерлехт и Клуб Бриж. Секој ќе добие најмалку по 100 милиони евра. Се гледа дека на овој список нема клубови од Премиерлигата. За нив баш ми е гајле, тие си имаат своја Суперлига во името на Премиерлигата. Исто така го нема ПСЖ кој има важна функција во УЕФА. Според мене ако оваа сезона не започне Суперлигата тогаш тоа ќе се случи во сезоната 2025/26“посочи Лапорта.

ПретходноСпектакл во Чиле: Невидена промоција на Видал во Коло Коло! (ВИДЕО)
СледноТрансферот на Елмас во Лајпциг е третиот најголем трансфер оваа зима во Европа!