Ѓорѓи Мојсов:Секоја чест за играчите на Тиквеш, освоивме голем бод на Чаир!

781

Едно од најголемите изненадувања денеска во ова 21.коло секако дека е ремито без голови на Чаир, каде Тиквеш му откина бодови на Шкупи во битката за титулата.

По мечот стратегот на кавадарчни за “СпортСпорт“ не ја криеше голема радост.

Радосен сум, среќен, презадоволен. Како и не би кога играш реми на теренот на лидерот. Секоја чест за играчите на Тиквеш, освоивме голем бод. Тоа ни беше потребно за подигање на самодовербата. Мислам дека успеавме да го неутрализираме домашниот состав, кој е исклучително квалитетен и да дојдеме до целта“ посочи Мојсов.

ПретходноБрињоне со триумф во Квитфјел – нејзин 25 триумф во СК
СледноСасуоло поразен во Верона, крај на сезоната за Берарди, веројатно ќе го пропушти и ЕП