Стигна лоша вест за Анчелоти, навивачите во очај

6229

Карло Анчеоти во текот на сезоната имаше големи проблеми со отсуството на важни играчи, а најмногу стравуваше дека сегашната репрезентативна пауза ќе му зададе нови главоболки.

За клупските тренери нема ништо полошо од распоредот на ФИФА кога настапуваат репрезентациите. Гигантите како Реал Мадрид вообичаено потоа дозволуваат десетици нивни клучни играчи да се приклучат на националните тимови и тогаш сè што треба да направат е да се надеваат дека сè ќе излезе.

Но, често добиваат лоши вести. Пеп Гвардиола пред неколку дена беше информиран дека е повреден искусниот дефанзивец Кајл Вокер, а се повреди и стоперот Џон Стоунс. Сето ова се случува на само 14 дена пред првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите во Мадрид против Реал.

Гвардиола нема среќа, но и Карло Анчелоти. На пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Чиле во првото полувреме се повреди играчот од средниот ред на Реал, Едуардо Камавинга.

Во друштво на медицинскиот штаб на францускиот тим тешко се движеше теренот и беше очигледно дека му е повредена левата нога.

Камавинга (21) е важен играч за Реал, а доказ за тоа е тоа што оваа сезона имаше 32 настапи и над 2.000 одиграни минути, а на Анчелоти му е особено важен бидејќи може да го користи на неколку позиции.

Се очекуваат дополнителни прегледи, но постои оправдан страв дека би можел да го пропушти првенствениот меч со Атлетик, но особено пресметката со Сити во Лигата на шампионите.

ПретходноПерез дотрча кај Бразилците, на новото засилување му порача: Те чекаме тука!
СледноПоради малата промена во термините за Купот: Големото дерби во ПМФЛ меѓу Шкупи и Вардар се игра во сабота!