Даниел Стојановски е новиот тренер на Борец!

146

Откако раководството на Борец и Љупчо Димитковски – Гањо ја прекинаа соработката, денеска и официјално е промовиран Даниел Стојановски за нов шеф на стручниот штаб на велешкиот второлигаш. Стојановски досега во својата тренерска кариера бил стратег на Воска, Слога Виница, Велешта, Куманово, а работел и како асистент во Пелистер.

Борец во изминатите три кола во ВМФЛ забележа три порази и се наоѓа на последното место на табелата, исто така вчера во меч од 1/16 финалето на Купот на Македонија беше поразен од Детонит Плачковица на свој терен и со тоа беше елиминиран во ова натпреварување.

ПретходноПеп: Халанд беше чуван од шест играчи на Интер! Па, како да постигне гол?
СледноКапело до Златан: Ако си “шеф“ како што велиш, тогаш твоја е одговорноста за ваквите резултати!