ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

29

Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии, и годинава безрезервно ја поддржа кампањата за одговорно дарување. Со оваа кампања и ние како одговорна компанија за приредување електронски игри на среќа, се приклучивме кон зголемувањето на јавната свест за ризикот од прекумерното играње. Кампањата за одговорно дарување ја организираа Националниот совет за проблеми со коцкање (NCPG) и Meѓународниот центар за младински проблеми со компулсивно играње и проблематични навики на Универзитетот Мек Гил.No description available.

Видеолотарија Касинос Австрија како одговорна компанија, континуирано работи на едукација на играчите за опасностите кои ги предизвикува комплусивното играње. Во 2019 година е формиран СОС тим, прв од ваков вид во нашата земја. Активирана беше СОС линијата со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни лица од областа на психологијата. Изминатата недела бевме дел од едукативната јавна трибина посветена на превенцијата и зголемувањето на свесноста кај младите луѓе за опасноста и ризиците кои ги носат состојбите на зависности. Трибината се одржа во просториите на Кинотеката на РСМ.

Бројни истражувањата укажуваат дека изложеноста на игри на среќа во најрана возраст, може да ја зголемат веројатноста од развивање проблематична страст кон коцкање. Изложеноста во периодот на детството најчесто е можна преку различни продукти подарени од страна на возрасните, несвесни за можниот ризик. Лотариските производи не се соодветни подароци за децата, во ниеден случај.

Со приклучување на кампањата, ДВЛМ учествува во процесите на:  

  • Едукација на заедницата за ризиците од коцкањето кај младите;
  • Промовирање одговорни практики за игри на среќа за време на празничната сезона;
  • Поддршка на напорите за спречување на проблеми со коцкање

Видеолотарија Касинос Австрија секогаш нагласува дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.

#GiftResponsibly

ПретходноЛина со пресврт до победа за пласман во 1/4 финалето во Италија!
СледноДа се знае кој е кој: Пандев доби дрес од фанови од Црна Гора! (ФОТО)