Ни по 16.коло кое беше на порограмата денеска, видно не се решија некои работи од аспект во битката за врвот, во битката за провизорната есенска титула. Сите пет водечки екипи победија и со тоа го одржаа истото растојание, само Силекс, поради тие 4:1 со Воска, сега е нов лидер, иако и Шкендија и Гостивар, како и кратовци имаат по 33 бода. Работнички има два помалку а Струга ТЛ е петта со 29 бода.
Токму овие пет екипи во последните две кола влегуваат како кандидати за есенскиот трон.
А еве каков е распоредот во последните две кола, односно кој со кого игра од овие пет екипи во последните две кола:
РАСПОРЕД
17.КОЛО (01.12.2024 – НЕДЕЛА)
ГОСТИВАР – СИЛЕКС
ВОСКА – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ
18.КОЛО (08.12.2024 – НЕДЕЛА)
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА ТЛ – ВОСКА
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
СИЛЕКС – ВАРДАР
Значи во следното коло се игра дербито Гостивар – Силекс, а во последното есенско коло се среќаваат Шкендија и Гостивар.
Важна напомена за тие што не знаат, а има такви. Имено по 18 коло, кога ќе заврши есенската полусезона, во случај на ист број бодови се гледа гол разликата, а после онаа екипа која има повеќе постигнато голови. Оваа табела подолу е од Кометот на ФФМ и таму убаво си пишува кој е сега прв.
Откако ќе заврши сезоната, односно по одиграното 33.коло, ако две или повеќе екипи имаат ист број бодови, тогаш за пласман решаваат меѓусебните дуели.
Еве како изгледа табелата по денешното 16.коло: