Јокиќ со нов трипл-дабл и со асистенција од соништата во победата на Денвер над Шарлот! (ВИДЕО)

2567

Ако не е Никола Јокиќ тешко дека Денвер реално би можел да победи некого во НБА, така велат фактите. Имено на дуелот со Шарлот уште пред да започне последната четвртина Србинот си ја заврши работата со нов трипл-дабл, бр.152 во кариерата. И си седна на клупа.

Но неговите соиграчи влегоа во проблеми, па затоа Јокиќ мораше да влегува повторно и да ја спасува работата со пет поени и победничка асистенција за конечни 107:104. На крајот заврши со 28 поени, 13 скокови и 17 асистенции од која едната во првата беше повеќе од фантастична, што може да се види од видеотo. Интересни беше тоа што коментаторот се запраша дали Јокиќ во минтиот живот играл ватерполо.

Погледнете…

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати: Индијана – Атланта 132:127, Јута – Орландо 113:99, Хјустон – Бруклин 98:110, Минесота – Вашингтон 103:105, Оклахома – Сакраменто 144:110, Њујорк – ЛА Лејкерс 112:128 со трипл – дабл на Леброн Џејмс, Сан Антонио – Мајами 103:105, Портланд – Феникс 127:108.

Претходно“Бомба“ во НБА: Дончиќ во ЛА Лејкерси кај Леброн, Дејвис во Далас!
СледноЕмери и Астон Вила не се шегуваат: Покрај Рашфорд доаѓа и Марко Асенсио!