Македонската репрезентација вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје освои бод во одличните деведесет минути одиграни против големиот фаворит Белгија. Со голот на Алиоски, Македонија успеа да израмни во последните минути од мечот и на тој начин да го освои петтиот бод во оваа кампања.
Од друга страна, Белгија не одигра како што посакуваше, односно Македонија не и дозволи лесно да мине во Скопје, напротив. Селекторот Гарсиа имаше „жешко“ деби во оваа кампања затоа што за Белгија ова беше прв меч во овие квалификации.
„На пет минути до крајот веројатно треба да го лувате резултатот. Македонија израмни многу доцна, немаше време да се вратиме. Не одигравме добар натпревар. Знаевме дека Македонија ќе ги искористи шансите. Имаа шанси, погодија диреци, заслужи Македонија да освои бод.
Имаше влијание на овој резултат се. И временските услови, и топлината, севкупно се. Се концентрираме на мечевите кои следат. Знаеме дека е специфичен периодот во кој се наоѓаме. Играме за три дена. Промените кои ги направив сметав дека ќе ни дадат повторно контрола во средината.
Да, имаме проблеми во одбраната. Правиме грешки, тие не се големи, но истите секој противник ќе ги искористи. Како вечерва. Нападот ни е сосема во ред, ние имавме седумнаесет активни напади вечерва. На одбраната ќе мора да поработиме. Сега на следниот меч победата ќе биде уште поважна. Ете Велс веќе има три бода, а ние сакавме да ги победиме сите мечеви. Ете тоа не ни се остварува. Мислам дека не треба да менувам тактика и да ставам „тројка“ во дефанзива“ рече селекторот Гарсија.










