Екипата на Силекс предмалку го претстави Малик Хамзиќ како нов член. Македонскиот младински репрезентативец досега беше дел од тимот на Гостивар, а сега станува едно од засилувањата на кратовци за овогодинешниот излез во Европа.
Во Кратово веќе се промовирани неколку нови фудбалери, па очигледно дека Силекс планира да се задржи во Европа летово.















