Кога игра Буњамин Шабани, како што тој знае, тогаш на Струга ТЛ лесно и е да победува. Два гола против Арсими во негов стил, и не само тоа, Буњо одигра како во најдобрите денови. Сигурно е дека на овој меч, кој заврши со 4:0, одигра најдобро оваа сезона. Токму затоа Буњамин Шабани според “СпортСпорт“ е играч на колото.
Покрај него во тимот на колото се и неговиот клупски колега Илиевски, потоа Јовчевски, Гроздановски и Керим (Пелистер), Мурати и Јахја (Башкими), Тодоровски, Спахиу и Мато (Вардар), како и Мирчевски (Силекс).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
БУЊАМИН ШАБАНИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 30.01.1991 во Куманово
Кариера: Башкими, Милано, Пало, Скопје, Шкендија, Партизани, Ренова, Шкупи, Ширак, Дрита, Струга ТЛ.















