Напаѓачот на Брера и еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ, Фахд Ндзенгуе во зимскиот преоден рок ќе го засили шампионот. Ова значи дека Шкендија ќе добие уште една МАШИНА за голови. Како што велат нашите информации, интернационалецот од Габон и раководството на Шкендија имаат договор, сепак ќе се почека на промоцијата до 15 јануари до кога фантастичниот напаѓач има обврски кон Брера, кон неговиот актуелен клуб.
Инаку Ндзенгуе оваа есен одигра 16 натпревари за струмичани, постигна 8 голови и забележа две асистенции.
Секако дека со Ндзенгуе во нападот стратегот на Шкендија, Јетон Беќири, ќе има уште една опција плус, но дали ова значи дека Фабрис Тамба конечно ќе прави трансфер надвор од Македонија.
Во секој случај Шкендија по успесите во Европа, јасно е дека има доволно пари и голем буџет за да си дозволи уште еден екстра фудбалер во својот напад.
Ндзенгуе би требало да игра за Шкендија и во Европа напролет, ако Шкендија успее да се пласира во нокаут – фазата во Лигата на Конференции.















