Алкараз го откажа турнирот на кој требаше да ја брани титулата

198
Фото: Австралија Опен Х

Победникот на Австралијан опен, 22-годишниот најдобар тенисер во светот Карлос Алкараз, нема да ја брани титулата на сала АТП 500 турнирот во Ротердам, кој започнува во сабота, објавија во понеделникот организаторите .

„По консултација со мојот тим морав да донесам тешка одлука да се повлечам од ABN AMRO Open. Потребно ми е повеќе време за да се опоравам по долгиот престој во Австралија. Разочаран сум што нема да можам да ја бранам минатогодишната титула. Минатата година прекрасно се чувствував во Ротердам и се надевам дека наскоро ќе се вратам“, порача Алкараз во официјалното соопштение.

Наместо Алкараз, во турнирот влезе Французот Џовани Мпетши Перикар, а улогата на прв носител ја презеде Германецот Александер Зверев, четвртиот тенисер на АТП-листата.

ПретходноСупер – дербито за УГД Штип: Убедлив триумф против шампионот!
СледноЗлатан: Имав пасош од БиХ, но никој не ме побара! Да играв за Хрватска ќе бев светски и европски шампион!