ФИФА: ЖФК Љуботен нема право на трансфер во следните три преодни рока

88

Проблем за македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција. ЖФК Љуботен има забрана од страна на ФИФА за трансфери во следните три преодни рока. Оваа одлука е донесена поради неисплатени обврски кон играчи и тренери во минатото.

Па така, шампионот ќе мора да биде активен со актуелниот ростер уште извесно време.

За македонскиот фудбал ова не е непозната ситуација. Во минатото често сме имале вакви примери, за да по исплатата на одредени клубови, суспензијата врз нив да биде тргната.

Во моментов со таков проблем се соочува тимот на Шкупи.

 

ПретходноКарвахал се повреди, што значи тоа за неговата иднина!?
СледноДобри вести од Барселона, Рафиња и Бернал се враќаат во составот