Во рамките од 31. коло од ПМФЛ шампионатот во моментов се играат три меча.
Во Ѓорче Петров, со головите на Окере и Сила, тимот на Тиквеш води со 0:2 во дуелот со Македонија.
Во Струмица пак, иако поведе со голот на Хоџа, Работнички губи од Брера со 2:1. Величковски направи комплетен пресврт со два погодока, а згора на тоа промаши и пенал за хет трик.
Во Гостивар пак Арсими со голот на Гафури води со 1:0 против Башкими.















