„Комити“: Оваа титула е НАША!

146

По денешната победа над Струга, Вардар и официјално е шампион на Македонија, а најбројната навивачка група која е поддршка на скопските „црвено-црни“ и на патот до овој шампионски пехар, по мечот повика на мобилизација пред последниот дуел сезонава на кој тимот ќе ја прославува титулата.

„Овој успех е голем и значаен не само поради толку посакуваната титула, туку пред се поради трнливиот пат и борбата која сите заедно, групата и народот, ја минавме за овој миг да може да стане реалност. Затоа оваа победа ја посветуваме на сите кои низ годиниве останале верни на Вардар. Оваа победа е наша – ОВАА ТИТУЛА Е НАША! На последниот натпревар против Шкендија, да ставиме точка на една борба која долго ќе се помни, на жртвата која сите Вардарци ја дале, кои во најтешкото верувале, биле тука за клубот и стрпеливо го чекале токму овој момент, Вардар да биде на прво место, на врвот – онаму каде што припаѓа! Но, има време до тогаш. После ќе славиме, а сега да се организираме како што треба. Ја повикуваме цела Вардарова армија заедно на запад! Повикуваме на масовна комитска мобилизација, голема поддршка и голем спектакл, како круна на сите години борба! Титула посветена на народот, групата и на сите спортски работници и фудбалери кои низ годините чесно ги бранеле боите на клубот. Западната трибина не ве заборава, оваа титула е во ваша чест! Прва акција – голем отворен состанок! Понеделник, во 19:30ч на Фонтана! На состанокот со кој официјално ќе започне мобилизацијата за дербито против Шкендија ќе може да присуствуваат СИТЕ!“, објавија од навивачката група „Комити“.

ПретходноВардар ја слави својата 12-та титула, а Седлоски четвртата!(ФОТО)
СледноСедлоски: Заминувам горд на она што го направивме, заслужено сме шампиони!