Тимот на Водно Санс е кошаркарски шампион на Македонија во младинска машка конкуренција.
Тимот на Водно вечерва со конечни 93:86 беше подобар од тимот на Вардар и на тој начин острави одличен успех во оваа категорија.
Со добар старт на мечот во кој што во првата четвртина постигнаа дури 30 поени Санс држеа одлично темпо и резултатска предност.
Дел од играта во кој младите „вардарци“, предводени од двоецот Ѓорѓевиќ и Данев, анулираа добар дел од високата негатива.
На средина од втората четвртина, Вардар се доближи на само „половина кош“ (33:34).
Но во вистински момент Водно санс најде „одговор“, влезе во серија на поентирање.
Дадоа избраниците на тренерот Горан Андреевски десет во серија, за ново одвојување, сега на (44:33). Таа разлика во последните две минути од првото полувреме ја зголемија на (50:37). По голема заслуга на двоецот Димитриев (реализираше 13.поени) и Сребров (10). На другата страна парираа токму Ѓорѓевиќ (16.поени) и Данев (12).
Во второто полувреме, екипата на Водно санс продолжи со ефикасната игра, и изгради уште повисоко водство, во 27.минута имаа плус 19, (72:53).
По три одиграни четвртини, Водно санс имаше нешто пониски (78:65).
Во последната, двете екипи постигнаа и најмалку поени, што одеше во прилог на онаа која има водство – Водно санс, и која го зголеми водството (83:67), момент од 35.минута од големото финале.
„Вардарци“ не се предадоа, намалија на едноцифрени (75:83) на нешто повеќе од три минути пред крајот. Потоа имаа и пониски (84:89), но не успеаја комплетно да се вратат во натпреварот.
Четворица стартери во победничката екипа имаа двоцифрен број на реализации. Митев постигна 31.поен (плус шест асистенции и пет скока). Димитриев имаше 17 (дополнети со 12. скока и три додавања), Сребров додаде 13 (осум скока и две асистенции), Ванчов 14 (и три скока), а Трајанов уште 10. поени и 11. скокови.
Во екипата на Вардар, за која остануваат сребрените одличја, Ѓорѓевиќ застана на ефект од 28.поени (имаше и две асистенции). Следен од Данев, кој дојде до 18.поени (имаше и 11. скока), и Младеновски кој во финалето запиша 23.поени (седум скока и пет асистенции).
Претходно , во натпреварот за третото место на финалниот турнир, екипата на Феникс 2010 го победи гевгелиски Кожув со (94:70).
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Феникс 2010 82:78
Водно санс – Кожув 84:65
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
Феникс 2010 – Кожув 94:70
ФИНАЛЕ
Вардар – Водно санс 86:93










