Првиот од двата контролни меча за нашата одбојкарска репрезентација против селекцијата на Црна Гора траеше четири сета и заврши без победник, 2:2. Селекторите се договорија да го искористат дуелот за да пробаат повеќе варијанти во играта, пред она што не чека во Европската лига 2026.
По сетови мечот во Подгорица заврши вака: (15:25, 25:16, 14:25, 25:18).
Селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите одбојкари кои ги имаше на располагање, комбинираше во поставата и пробуваше тактички варијанти.
Вториот натпревар се игра утре попладне (18 часот) исто така во Подгорица.










