И официјално. Во следната 2026/27 сезона во АБА кошаркарската лига ќе се натпреваруваат 20 клубови, значи официјализирано е проширувањето, ама и натаму ќе нема клубови од Македонија кои ќе мора да се задоволат со настап во АБА 2.
Регионалната АБА ќе има 20 клубови учесници во сезоната 2026/27, одлучи Собранието на регионалното натпреварување.
Членовите на Собранието на АБА лигата донесоа одлука според која Цибона од Загреб ќе се врати во регионалното натпреварување, додека Слован од Братислава ќе игра во АБА лигата за прв пат во историјата.
Враќањето на Цибона претставува ново поглавје за клубот, кој е еден од симболите на регионалната кошарка и двократен европски шампион.
Слован Братислава ќе биде нов учесник во регионалната лига, со што АБА продолжува со својата експанзија надвор од територијата на поранешна Југославија.
Во претходниот период, натпреварувањето беше проширено со клубови од други земји, меѓу кои Клуж, Виена и Дубаи.
„Во сезоната 2026/27, 20 клуба ќе учествуваат во АБА лигата. Членовите на Собранието на АБА лигата, донесоа одлука за враќање на Цибона во регионалното натпреварување, додека Слован Братислава ќе биде дел од лигата за прв пат“, се вели во соопштението на АБА лигата.
Поради зголемувањето на бројот на учесници, раководството на регионалното натпреварување објави дека новиот систем на натпреварување за сезоната 2026/27 ќе биде подготвен и дефиниран што е можно поскоро, по што ќе биде презентиран на јавноста.










