Македонскиот младински репрезентативец, и досегашен член на тимот на Работнички, Никола Манојлов е нов играч на тимот на Силекс.
Тој се сели во Кратово откако неговиот матичен клуб Работнички се сели во ВМФЛ конкуренцијата по испашањето од „елитата“.
Се работи за крилен напаѓач кој што како што е тоа вообичаено во Работнички доби сениорска шанса на многу млада возраст и истата ја искористи. Имаше солидни минутажа во изминатиот период, но очигледно дека својата прволигашка среќа мора да си ја побара во друг клуб.
Силекс му ги отвара вратите на Манојлов, како и на доста играчи летово кои што се преселија во Кратово. Дарко Илиески, Борјан Пановски, неколку интернационалци од Србија и Босна, се замените за оние кои што не се повеќе дел од Силекс.















