Искусниот стопер Егзон Белица повторно ќе настапува за клубот од својот роден град. Дефанзивецот е следното засилување за тимот на Струга Трим Лум, откако клубот денеска веќе го промовираше французискиот напаѓач Хамонд Агама.
Белица последно беше дел од тимот на Работнички, а со него стружани и тоа како добиваат на искуство со оглед на тоа што тој има 35. години.
Во својата кариера тој настапуваше за екипите на Беса, Шкендија, Охрид, Конкордиа, Интер Турку, Рига, Партизани, Приштина….















