Екстра засилување: Струга ТЛ се пофали и со Андреј Јовчевски!(ФОТО)

267

Големо, екстра засилување за Струга ТЛ. Андреј Јовчевски (22), еден од најдобрите голмани во Македонија, досегашен член на Пелистер е најновото име во редовите на некогашниот двоен шампион на Македонија. Познато е дека голманот од Битола во изминатите месеци се поврзуваше со клубови од странство, сепак на крајот ја прифати понудата на стружани и во наредниот период ќе го чува голот на овој прволигаш.

Секако дека ова е одличен потег на раководството на Струга ТЛ.

Ова е третото ново име денеска во редовите на Струга ТЛ. Претходно клубот ги претстави и Егзон Белица и Французинот Хамонд Агама.

ПретходноБерокал: „Најважно е што се натпреварувавме сите 40 минути и што ја изградивме потребната самодоверба“
СледноКуПС се чекираше во Скопје: Супер – не е многу жешко!(ВИДЕО)