Екипата на Струга Трим Лум предмалку го промовираше Хамонд Агамах како свој нов член. Се работи за напаѓач кој што доаѓа од Франција, но има и пасош на Гана.
Целата своја кариера ја има минато во Франција во екипи од понизок ранг.
Во моментов има 29. години и се служи со десната нога.
Ова е само уште еден потез на управата на Струга ТЛ, која што летово прави мини реконструкција на играчкиот кадар и доведува новитети на различни позиции.















