Полувреме во Рига: Вардар води, но има и играч помалку (ВИДЕО)

220

Македонскиот шампион, тимот на Вардар во моментов го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции против тимот на Рига на гостински терен.

По првите 45. минути Вардар води со 0:1, со што вкупниот резултат ако се земе и мечот во Скопје е 3:3.

Стрелец на единствениот гол досега е Давид Бабунски, но мора да се напомене дека Вардар има и половина час играч помалку по исклучувањето на Филип Најдовски.

Домаќинот има сериозна иницијатива, шанси, го погоди и дирекот но сепак, сеуште нема постигнато гол.

 

ПретходноГолемо засилување за Работнички: Говенс од ТФТ се сели во Градски Парк
СледноПријателски: Работнички подобар и од Еуромилк ГЛ, Беласица славеше против Кожуф