Франција е друга димензија, нов пораз за македонските кадети на ЕП!

79
Фото: РФМ

Македонската машка кадетска репрезентација не успеа да приреди изненадување на Европското првенство против еден од најсериозните кандидати за титулата. Нашите ракометари денеска беа совладани од Франција со убедливи 36-25 (20-13).

За Македонија ова е втор пораз, прва победа ќе бара во сабота против Шведска, уште еден квалитетен противник, кој воедно е бранител на пехарот од пред две години.

Нешто поизедначена игра имаше во прваата половина од првото полувреме, Македонија не поведе ниту еднаш, по последните 9:9 и неискористен напад за прво водство противникот зеде сила и го наметно своето темпо. На одморот беше 20-13. Во продолжение не се промени слика, Франција поведе со двоцифрени 24-13 и го најави триумфот.

Поповски со шест гола беше прв стрелец, зад него беше Јовиќ со пет погодоци. Ѓорѓи Николовски имаше седум одбрани, три од седум метри.

 

ПретходноШкендија бара „виза“ за продолжен европски престој
СледноИван Глигоров се врати во Брегалница