„Задоволство е да се работи со легенда како Лино Червар, Битола е прекрасна“

81

Српскиот среден бек Алекса Колаковиќ со силни препораки доаѓа во Битола. По години и години настапи во францускиот ракомет, средниот бек ќе ја организира играта во редовите на Пелистер.

Тој за официјалната „Фејсбук“ страница ги сподели своите очекувања.

„Многу сум среќен што дојдов во клуб и град со голема историја и традиција. Задоволство е да се работи со легенда како Лино Червар и со квалитетни соиграчи во тимот. Битола е прекрасна, гледам дека сега има и многу туристи, а луѓето се пријатни и гостопримливи. 

Лично се познавам со Хенигман и Радивојевиќ, кои ми кажаа само убави работи за клубот и атмосферата што ја создаваат навивачите. Гледав неколку натпревари од Лигата на шампионите, но и домашните дуели со Вардар 1961 и Охрид.

Мислам дека имаме доволно квалитетен тим за да се бориме за шампионската титула. Се надевам дека ќе ја оствариме целта и ќе ја израдуваме армијата навивачи на Еурофарм Пелистер“, изјави Колаковиќ. 

ПретходноМакедонските јуниори поразени од Финска!