Ташовски и официјално во КК Дубровник!(ФОТО)

109
ФОТО:facebook.com/kkdbk/

И официјално, репрезентативецот Виктор Ташовски со трансфер во Хрватска, и тоа во КК Дубровник. Вечерва новиот клуб на досегашниот кошаркар на ТФТ и официјално го потврди овој трансфер:

Кошаркарскиот клуб Дубровник со гордост го објавува потпишувањето на договорот со Виктор Ташовски, 24-годишен плејмејкер од Македонија. Виктор се приклучува на нашиот клуб од ТФТ Скопје, каде што одигра 31 натпревар минатата сезона, со просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар. Тој играше и во АБА 2 лигата, каде што имаше просек од 14,4 поени и 2,7 асистенции по натпревар.
Ташовски е член на репрезентацијата на Македонија и учествуваше во победите на својот тим против Ирска и Луксембург во претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029 на почетокот на јули. Виктор, добредојде во Дубровник“
објави новиот клуб на Ташовски.

ПретходноОфицијално: Покетино ќе биде селектор на САД до 2030!
СледноЕрјона Јонузи потпиша за шампионот на Словачка!