Рамани:Шкендија против Вардар оди на победа!

65
ФОТО:kfshkendija.com

Голманот Ферат Рамани во четвртокот во Единбург и тоа како имаше добар настап. Со своите одбрани успеа да ја спаси во неколку наврати мрежата на Шкендија. Сепак Хиберниан успеа да победи со 2:1, а до реваншот во Скопје, тетовци денеска ги чека големото дерби со Вардар од 2.коло во ПМФЛ.

За тоа какви се очекувањата и амбициите на Шкендија од денешното гостување во Скопје, се игра од 17 часот на Арената “Тодор Проески“, свое видување има токму Ферат Рамани:

Воопшто нема притисок кај нас од ова дерби. Секогаш сме подготвени, се подготвуваме максимално, и за нас секој натпревар е ист. Во сите натпревари влегуваме за да победиме. Без разлика кој е противникот, работиме врз основа на она што го бара тренерот и даваме максимум.“ посочи голманот на Шкендија и дополни…

Како и секогаш,Шкендија оди само на победа, ништо друго! Тимот е добро подготвен. Иако сме малку уморни од патувањето и натпреварот во Шкотска, ова е фудбал и сме подготвени да се соочиме со секој противник. Против Вардар ефинитивно ќе одиме на три бода.“

ПретходноБојку: Нема лесни натпревари, ама Струга ТЛ посакува нова победа!
СледноТим од Перу промовираше дрес со 1.000 спонзори на него!