Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ настапи на Европското првенство кое се одржува во Париз. Тој го имаше својот настап во квалификациите на 200 метри слободен стил.
Ѓуретановиќ кој е единствен македонски претставник на Европското првенство, го освои шестото место во својата квалификациска група со време од 1:52,59, со што го подобри својот најдобар резултат во кариерата на оваа дистанца, кој изнесуваше 1:52,86.
Следен предизвик за македонскиот пливач ќе биде втората дисциплина во која е пријавен на ова Европско првенство – 400 метри слободен стил.
Квалификациските трки во оваа дисциплина ќе се одржат во недела, 16 август, со почеток во 9:30 часот.










