Вчера во Кавадарци во меч од 3.коло во Кавадарци, сензационално Тиквеш беше поразен од Шкендија Арачиново со голот на Марко Симоновски во 27.минута.
Интересно од овој меч, што секако треба да се издвои, е тоа што тренерот Оливер Богатинов овој натпревар го започна со девет странци. Неверојатно!
Дали ова е рекорд во историјата на ПМФЛ? Не паметиме некој наш клуб во ПМФЛ да го почнал мечот со толку странски фудбалери како стартери.
Сепак со мала задршка, можеби се осум ако се знае дека капитенот Бесир Рамадани има и двојно државјанство, албанско и македонско.
Ова е стартниот состав на Тиквеш:
Стевковски, Камара (Гвинеја), Фал (Сенегал), Лавал (Нигерија), Лусианињо (Бразил), Николовски, Рамадани (Албанија), Ренатињо (Бразил), Сила (Гвинеја), Влајковиќ (Србија), Висдом (Нигерија).
Среча што Николовски е младинец па мораше да игра и Стевковски е голман, па и тој мораше да игра.















