Досегашниот играч на кумановски Башкими, интернационалецот од Гана, Емануел Аворнио ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија. Поточно во тимот на Ал Адалах, кој што се натпреварува во втората по ранг лига на оваа земја.
Аворнио се прокламираше изминатиот период за еден од најдобрите напаѓачи во нашата лига, и беше мета на повеќе екипи како кај нас така и во соседството.
Сепак, се одлучи за трансфер на Блискиот исток, каде што очигледно финансискиот бенефит од играњето фудбал е далеку повисок од придобивките било каде на Балканот.















