Судии за ПМФЛ: Стојчевски “главен“ на Вардар – Силекс, а Трпчевски на мечот Шкендија – Струга ТЛ

178

Од денеска па до понеделник се играат сите мечеви од 4.коло во нашата елитна фудбалска лига. Познати се и судиите за овие натпревари.

Во понеделник се играат двете дербија во ова коло. Игор Стојчевски е одреден да ја дели правдата на дуелот Вардар – Силекс, додека Стојаче Трпчевски ќе биде “главен“ на дербито меѓу Шкендија – Струга ТЛ кое се игра на ФФМ.

Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите за сите мечеви од 4.коло.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 4.КОЛО ВО ПМФЛ

ДЕНЕСКА

Скопје (17 ч): Скопје – Тиквеш (Фуркан Идризи)

Штип (19 ч:) Брегалница – Башкими (Доне Ристовски)

САБОТА

Скопје (16.30 ч): Шкендија Арачиново – Арсими (Димитар Пилешков)

ПОНЕДЕЛНИК

Скопје (17 ч): Вардар – Силекс (Игор Стојчевски)

Скопје (19 ч): Шкендија – Струга ТЛ (Стојанче Трпчевски)

ПретходноНови интернациони засилувања за Младост УГД и Пелистер Волеј
СледноПМФЛ: Брегалница сака нови три бода, “Пиратите“ на мегдан со Тиквеш