Лоши вести за стратегот на Шкендија, Артим Положани во пресрет на дербито со Струга ТЛ кое се игра во понеделник на ФФМ во последниот меч од 4.коло.
Имено Положани и на овој меч не ќе може да смета на напаѓачот Марко Ѓорѓиевски и тоа поради повреда, најновата е истегнување на мускулот.
Да се потсетиме дека Марко имаше одлични настапи во Европа, на два меча постигна два гола.Сепак тој прво се повреди на загревање пред дербито со Вардар, па не играше и на реваншот со Хиберниан како и на дуелот со Брегалница во минатото коло.
Ова ќе биде четврти меч за Ѓорѓиевски кој не ќе може да биде во составот на Шкендија. Јасно е дека тоа е голем хендикеп за тетовци ако се знае дека играат против Струга ТЛ, екипа која е една од најдобрите во нашата елитна лига.















