Од денеска па до понеделник се играат сите мечеви од 4.коло во нашата елитна фудбалска лига. Познати се и судиите за овие натпревари.
Во понеделник се играат двете дербија во ова коло. Игор Стојчевски е одреден да ја дели правдата на дуелот Вардар – Силекс, додека Стојаче Трпчевски ќе биде “главен“ на дербито меѓу Шкендија – Струга ТЛ кое се игра на ФФМ.
Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите за сите мечеви од 4.коло.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 4.КОЛО ВО ПМФЛ
ДЕНЕСКА
Скопје (17 ч): Скопје – Тиквеш (Фуркан Идризи)
Штип (19 ч:) Брегалница – Башкими (Доне Ристовски)
САБОТА
Скопје (16.30 ч): Шкендија Арачиново – Арсими (Димитар Пилешков)
ПОНЕДЕЛНИК
Скопје (17 ч): Вардар – Силекс (Игор Стојчевски)
Скопје (19 ч): Шкендија – Струга ТЛ (Стојанче Трпчевски)















