Одбојкарите до 20 години поразени од Бугарија на стартот на Зонските квалификации

29
Фото: Одбојкарка федерација на Македонија

Со убедлив пораз од Бугарија од 3:0 (25:13, 25:12, 25:12), младите одбојкари до 20 години ги почнаа Зонските квалификации во Софија. На Балканското првенство кое се смета и за квалификациски дел за ЕП 2027, нашата млада репрезентација предводена од селекторот Јован Шапе немаше шанси на дуелот со домашната репрезентација, која покажа завиден квалитет во трите сета.

Доминацијата на домашниот тим беше воочлива од првиот до третиот сет, во кој нашите млади одбојкари не можеа да му парираат на противникот. Стефан Николов со 5 поени заврши како најдобар поентер во нашиот тим.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 4.КОЛО: Спахиу покажа како треба
СледноШкендија ги потврди промените: Ука е нов генерален директор, Селими и Адеми со нови позиции