Пелистер се засили со Ивановски

126

Второлигашот Пелистер вечерва го претстави своето најново засилување. Станува збор за искусниот офанзивец Иван Ивановски, кој доаѓа во битолскиот состав за да му помогне на тимот во мисијата враќање во елитата.

31-годишниот ​Ивановски ќе биде одлично освежување по крилните позиции, а зад себе има богато прволигашко искуство.

Ивановски претходно играше за повеќе македонски прволигаши, а беше дел и од екипата на Ал Рамта во шампионатот на Јордан.

ПретходноЈувентус има нов голман, полски репрезентативец
СледноБруно Фернандеш е прогласен за „Играч на сезоната“ во Англија