ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Артим Положани (Шкендија)

54
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Иако без речиси половина тим, Гаје, Димоски, Меличи, Фреитас, Ѓорѓиевски,…Шкендија сепак успеа да ја победи силната Струга Трим Лум и да дојде до четвртата победа сезонава во својот четврти меч. Значи тетовци имаат “четири од четири“ и само тие се максимлни. Па така во битката за титулата по само четири кола имаат +6 пред Вардар и +5 пред Силекс и Струга ТЛ.

Иако Шкендија вчера на ФФМ не блескаше, посебно не во второто полувреме кога стружани покажаа сила, сепак на крајот победи. А за се ова секако дека голема заслуга има шефот на струката на Шкендија, Артим Положани. Токму затоа според “СпортСпорт“, тој е тренер на 4.коло во новата сезона во нашата елитна фудбалска лига.

ПретходноПромоција: Селмани и Руватубјае за уште посилна Шкендија Арачиново!(ФОТО)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 4.КОЛО: Спахиу покажа како треба