Австрија се „удави“ на Кипар пред дуелот со Македонија

219
фото: fiba.basketball

Првиот противник на макеоднската кошаркарска репрезентација во вториот циклус од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029, селекцијата на Австрија, загуби на гостувањето на Кипар со 77:72 во првиот меч од нашата група. Кипраните приредија мало изненадување и успеаја да слават во првиот дуел со Австрија.

Извонредна кошарка кај селекцијата на Кипар одиграа Филипос Тигкас кој средбата ја заврши со 25 постигнати поени, а одличен беше и Стефанос Тигкас кој постигна 15. Во триото најдобри кај Кипар беше и Пасхиалис кој мечот го заврши со 13 поени.

Кај селекцијата на Австрија во поразот најефикасен беше Мбемба со 19, додека Капиќ постигна 18 поени.

ПретходноЈаја Туре стана прв африканец кој ќе води тим во главната фаза на Лигата на шампионите
СледноКМФ Проект испушти победа над Врхника во 2. коло од квалификациите за ЛШ