Гледањето на шампионот Њујорк Никс во првата вечер од новата НБА сезона ќе биде вистински луксуз. Просечната цена на билет за дуелот меѓу Њујорк Никс и Филаделфија 76ерс на 20 октомври, со кој ќе биде отворена сезоната во „Медисон Сквер Гарден“, достигна 2.560 долари на секундарниот пазар.
Причината за огромниот интерес е повеќекратна. Никс на оваа средба ќе го прослават првиот НБА трофеј по 53 години, со подигнување на шампионскиот транспарент и церемонија на доделување на шампионските прстени.
Дополнителен магнет за публиката е составот на Филаделфија. Во текот на летото, 76ерс ги ангажираа Леброн Џејмс и Џејлен Браун, кои треба да играат заедно со Џоел Ембид и Тајрис Макси.
Интересно е што цената од 2.560 долари е просечна цена на секундарниот пазар, а поединечни билети се продаваат и за значително повеќе. На некои платформи понудите достигнуваат над 20.000, па дури и над 36.000 долари, зависно од местото во арената.










