Уште едно поразително издание на МЗТ Скопје во Европа

51

МЗТ Скопје го запиша четвртиот пораз во ФИБА Еврокупот, откако на домашен терен беше совладан од АЕК Ларнака со 69-85. На овој начин актуелниот македонски првак речиси ги загуби сите шанси за да се надева за евентуален пласман во следната рунда.

МЗТ Скопје беше поконкурентен противник само едно полувреме. После 42-49 на одморот на „сино-белите“ им се случи бродолом. Противникот во третата четвртина беше подобар со 11-22, додека во последниот период отвори со 7-1 и поведе со 54-78, позитива која беше повеќе од доволна за мирна завршница.

И овој пат во составот на МЗТ Скопје не беше капитенот Дамјан Стојановски, но останува отворено прашањето за останатиот состав со кој располага Васко Атанасов, особено странските засилувања, кои засега се далеку од нивото за еден европски предизивик.

Крајниќ имаше дабл-дабл од 17 поени и 12 скока, додека Фарахан имаше 14 поени.

ПретходноПелистер 2 само лесен тренинг за ГРК Охрид
СледноЃоковиќ првпат се огласи по изборите во Србија: Притисоците беа неверојатни!