Седлоски: Оставка? Да преспиеме, да видиме како ќе се одвиваат работите

0

Кој што прави, Македонија во штотуку завршената Лига на Нации, Б дивизија, губеше. Од сите. Од првото коло, па се до ова вечерашново последно, и дебаклот пред празната Арена во Скопје од Словенија со 0:3.
Македонија не одигра ништо. Поточно, одигра колку да загуби. Од Словенија која што во моментов не важи за фудбалска супер сила. Напротив. Но за нас во моментов е „друга планета“.
Што се случува севкупно со нашиот национален состав, е големо прашање, а ова конкретното за вечерва секако е во сличен стил… селекторе Седлоски, што се случи вечерва на Арената?

„За мене мечевите кои што ги игравме дома беа без воља, без желба…. се е кажано. Само едно се прашувам. Зошто мечевите дома ги играме вака. Бездушно. Без разлика каква е тактиката. Мораш сам да почувствуваш на терен што да правиш. Без трка, без желба, нема ништо. Им кажав да погледнат како тоа го прави Словенија. Се извинувам за овие мечеви. Многу време немаме победа. Разговаравме во соблекувална. Мора да видиме. Ќе видиме. Да преспиеме. Што ќе биде понатаму ќе видиме“ – рече селекторот Седлоски, и на прашањето дали ќе си поднесе оставка.

„Самите се прашуваме зошто е тоа така. Немаме крв, немаме трка. Реалноста е таа“ – додаде селекторот.

ПретходноАлиоски брутално искрен: Лесно е да се бараат виновници, но сите сме виновни!