Томче Илиев не е веќе фудбалер на Академија Пандев. Како што дознаваме искусниот десен бек и струмичкиот прволигаш ја раскинале соработката, па така сега Илиев ќе си бара нова средина. Тој во таборот на “пандевци“ беше 4,5 откако во 2018 година дојде од Работнички.
По неговото заминување се поставува прашањето што навистина се случува со овој клуб. Досега за само неколку дена оваа зима си заминаа, односно клубот “раскина“ со Марко Јовановски, Димитар Митровски, Бојан Најденов, Марко Ѓорѓиевски, Душан Јоковиќ, Виктор Ангелов и сега Томче Илиев.