Атхе Мазари е нов играч на Работнички

570

Екипата на Работнички во пролетниот дел од шампионатот ќе биде посилна за досегашниот играч на Победа, офанзивецот Атхе Мазари.

Јуниорот на Шкендија, кој има работно искуство и во тимот на Охрид, есеноска одигра и повеќе од добра полусезона во тимот на Победа, па нормално е што зимава имаше понуди да ја промени средината.

Се одлучи за Работнички, клуб кој секако е во преден план кога станува збор за младите играчи.

Мазари има двојно државјанство и своевремено одигра неколку мечеви за младинските репрезентации на Албанија.

 

ПретходноЈуве ја одреди цената за Влаховиќ: Кој го сака Србинот ќе мора да плати 110 милиони евра!
СледноШкупи добар на првата контрола зимава