Радески: Да ја донесеме титулата во Струга! (ФОТО)

395

Марјан Радески пред неколку дена и официјално стана нов член на Струга Трим Лум. Трансферот на напаѓачот кој важи и за репрезентативец на Македонија секако дека е еден од најголемите оваа зима. Јасно е дека есенскиот шампион во него добива големо, екстра засилување. Сега само треба добро да се подготви, да се вклопи во тимот заедно со Шабани, Укпа, Ибраими, Малески и останатите и да оправда довербата на сите во таборот на лидерот на табелата.

“Кога бев контактиран од Струга Трим Лум не се двоумев многу и мислам дека не згрешив ниту јас ниту клубот кој  веруваше во мене. Добро се познаваме со тренерот Захариевски, тој ми ги обезбеди првите минути во првата лига, и тоа на 17 години. И сега сум тука, каде заедно со моите соиграчи ќе му вратам со најдобрите игри и ќе се обидеме да ја  донесеме титулата во Струга.Струга Трим Лум е голем клуб, па затоа секој играч би дошол во овој клуб без двоумење, како мене.Останува добро да се подготвиме, да ја започнеме пролетта без повреди, и секој од нас да даде максимум за конечно да ја оствариме целта, а тоа е шампионската титула“ посочи Радески.

 

May be an image of 1 person, standing and text that says "TRIMILUM TRIM"

May be an image of 2 people and people standing

ПретходноНикогаш не ги отпишувајте “кралевите“: Реал со чудесен пресврт до триумф кај Вилјареал! (ВИДЕО)
СледноСуспендиран на седум меча поради овој старт