Вардар 1961 на мегдан со Партизан за заверка на врвот во СЕХА-лига!

144

Вардар 1961 денеска (18 часот) му гостува на Партизан во последниот меч од групната фаза во новата и чудна сезона во СЕХА-лига, која од година во година го губи своето вистинско значење и се сведува на брзо одигрување на истата колку да не се изгуби континуитетот.

Македонскиот вицепрвак со триумф над „црно-белите“ ќе го потврди првото место во групата Б и ќе ја чека целосната разврска во групата А, каде во овој случај во четвртфиналето ќе се сретне против второпласираниот тим.

„Имавме сериозни анализи за овој меч, и секако сакаме да победиме во Белград. Треба да бидеме подобри во одбраната. Минатиот пат токму одбраната ни беше проблем.
Формата сега ни е на подобро ниво, и поподготвени сме во однос на првиот меч. Можно е Партизан да игра и нешто поразлично, но секако ќе бидеме подготвени за се“, изјави Ален Ќосевски.

ПретходноФ1: Падна од велосипед, па ќе мора да ги пропушти првите трки од новата сезона
СледноАндреј Магдевски: Се надевам дека ова е само почеток и дека ни следат повеќе успеси во иднина!