Женските кадетски и младински ракометни селекции на Македонија, денеска ги дознаа своите противнички за претстиојните европски првенства кои ќе се одржат во Црна Гора и Романија оваа година.
Кадетките се најдоа во тешка група, и тоа со Унгарија, Франција и Романија во групата -Д. ЕП се игра во Подгорица и тоа од 3 до 13 август.
Младинската селекција пак на ЕП кое ќе се одржи во Романија од 6 до 16 јул, во групата_Д ќе играат против Данска, Црна Гора и Чешка.