Данската одбојкарска репрезентација во машка конкуренција, која е противник на Македонија на годинешното Европско првенство во Скопје, ќе остане без еден од своите репрезентативци. Причина, како што пишуваат данските медиуми е допинг!
Иако името на одбојкарот се уште не се споменува во јавноста, се претпоставува дека е еден од членовите на најдобрата данска репрезентација, кого за овој прекршок го чека суспензија и до 4 години од одбојкарските терени.
Данската антидопинг комисија го прогласила одбојкарот за виновен за внесување на нелегална супстанција во Данска. Вчера на состанокот на комисијата било утврдено дека Царинската агенција на Данска во јануари 2021 година запрела еден пакет за које потврдено дека содржи недозволена супстанца и е адресиран до еден дански одбојкарски репрезентативец.
Данската одбојкарска федерација е запознаена со идентитетот на играчот и тој е исклучен и од тренинзите и од учеството на натпревари и турнири.









